Saturday, December 4, 2010

Важноста на тимската работа

Тимската работа ги дели работните задачи, но го дуплира постигнатиот успех.“ Зошто една група на луѓе кои што работат заедно, функционираат како тим? Со самото тоа што се вработени во иста организација не значи дека се гледаат себе си како тим или дека се нешто премногу ангажирани за тимска работа. Работењето заедно не е исто што и тимската работа. Важно е менаџерите да ја разберат разликата на работење во тимови и концептот на тимската работа. Кога вработените кои што работат во Вашата организација вршат важна активност со нивното работење, всушност тие реализираат активност на тимовите. Тие може но и не мора да значи дека работат заедно.

Во секоја организација се зборува за градење на тимови, работење како еден тим, меѓутоа малкумина разбираат како да изградат ефективен тим. Да се припаѓа во одреден тим претставува чувство да се биде дел од нешто поголемо од самиот себе. Во средина каде што функционираат тимовите, придонесот кој што го прави вработениот е за севкупниот успех на организацијата. Вработениот заедно со своите колеги работат за да се постигне определен резултат, односно да се остварат поставените цели. Иако секој вработен има свои работни задачи и можеби припаѓаат на различни сектори, сепак нивната работа е насочена кон остварување на целите на организацијата.

Менаџерите истражуваат најразлични начини за да ги подобрат бизнис резултатите како и профитабилноста. Многумина сметаат дека најдобар резултат се постигнува кога се вклучени сите вработени во креирањето на бизнис резултатите. Без разлика кои се Вашите обиди за подобрување – квалитетот, континуирано подобрување, одредено насочено производство, одредени работни тимови, сепак сето тоа е со цел да се подобрат производите и/или услугите кон клиентите. Денес организациите се одлучуваат за подобрување на тимската работа како еден сегмент за подобрување на услугата која што се нуди, а воедно се дава можност секој вработен да биде вклучен во постигнувањето на успехот кој го постигнува организацијата.

Градењето на тимовите вклучува 3 клучни чекори.

Групата треба да ги дијагностицира внатрешните проблеми, стресот кој постои на работното место и препреките кои што се појавуваат во групната ефикасност.
Групата мора да воспостави начини на решавање на идентификуваните проблеми на работното место. Внимание во текот на идентификувањето членовите на групата мора да ги идентификуваат проблемите, а не симптомите кои што се појавуваат како последица на некој постоечки проблем.
Групата мора одвреме-навреме да прави проценка на својата перформанса како и проценка на меѓучовечките односи во групата.

Успешните тимови кои што се адутот на успешните организации внимаваат на следните чекори:

-      Јасни очекувања. Менаџментот треба јасно да ги комуницира очекувањата на своите тимови. Пред сe, дали формираните работни тимови знаат зошто се формирани? Тимовите мора да ги имаат потребните човечки ресурси, време и пари кои што се потребни за ефективно реализирање на работните задачи.

-      Контекст. Знае ли секој член на тимот зошто токму тој е дел од конкретниот тим? Вработените треба да разбираат како употребата на тимовите ќе придонесе да се одржат и да се остварат организациските цели. И секако треба да знаат на каков начин се вклопува нивната работа со организациските принципи, вредности или визијата на организација.

-      Посветеност. Дали вработените сакаат да бидат дел од одреден работен тим или тоа едноставно им е наложено? Вработените треба да бидат спремни да се посветат на исполнување на целите и мисијата кои што ги има работниот тим и задачата која што треба да се реализира.

-      Компетентност. Една од најважните моменти за соодветно да профункционира тимот е сите членови да сметаат дека висинските луѓе се наоѓаат во тимот и дека не постојат одредени лица кои само се присутни, а  воопшто нема да придонесат во реализирање на поставените цели. При формирање на тимовите запрашајте се дали членовите на тимот ги поседуваат потребните знаења, вештини и капацитет кои што се потребни за успешно реализирање на задачата. Доколку немаат, дали постои начин на кој што за кратко време ќе можат да се стекнат со потребните знаења?

-      Соработка. Членовите на тимот мора да ги разберат улогите кои што ги имаат, процесите кои што треба да се реализираат, да го разберат постоењето на тимот, сe со цел да можат успешно да соработуваат помеѓу себе. За успешна соработка, тимовите мораат да имаат воспоставено одредени норми и правила на однесување кон кои што ќе се придржуваат. На таков начин тимовите ќе можат да се справуваат со најразличните проблеми на кои што ќе наидуваат во текот на работењето.

-      Последици. Дали членовите на тимот се чувствуваат обврзани и одговорни за постигнувањата на тимот? Кога формирате тимови во Вашата организација имајте во предвид дека треба да постои некаква награда или признание кое што би го добил вработениот затоа што бил вклучен во тимот или се сема во предвид во неговиот понатамошен кариерен развој. Односно каква корист има вработениот што бил дел од конкретниот тим. Меѓутоа при определувањето на наградите имајте во предвид покрај мерењето за успешно реализирање на работните задачи, односно постоењето на систем за награда за успешно реализиран проект на тимот, имајте и мерење на индивидуалната перформанса на членовите на тимот. Ова  е многу важно за да се избегнат одредени последици кои што можат да му се случат на еден тим. Односно, одреден член на тимот само да се провлекува и да не дава соодветен придонес за тимот, но на крајот како дел од тимот и тој да добие одредена заслуга. Ваквото однесување влијае и врз мотивацијата на останатите членови, што може да доведе до намалување на ефикасното работење на тимот и да се доведат во опасност  навременото извршување на работните задачи поради кои што е формиран самиот тим.

-      Развивање на комуникација која што го охрабрува меѓусебното почитување помеѓу вработените за придонесот кој го вршат за развојот и функционирањето на организацијата, како и желбата да се работи за добар тим.

-      Нагласување на целите на тимот. Секој треба да ги знае одговорностите на останатите вработени, бидејќи токму тоа помага во брзо решавање на настанати проблеми и справување со кризи

-      Охрабрување на интеракцијата помеѓу вработените и нивното меѓусебно поврзување

Tuesday, November 23, 2010

Разлика помеѓу мали и големи бизниси

Често пати може да се слушне од малите бизниси дека големите им прават пречки и не можат да успеат токму заради тие големи бизниси. Често пати добри бизнис идеи на претприемачите не супеваат заради тоа што тие бизнис идеи се слични со некои големи бизниси. Иако бизнис идеата е добра, и има голем потенцијал и можеби се разликува токму во клучниот фактор за успех од големиот веќе постоечки бизнис, таа не заживува. Но, тоа е само покривање на слабостите на претприемачот. Многу е полесно да се бараат грешките кај друг отколку кај себе. Тоа е недостаок на храброст тие претприемачи да се борат со големите.

Но која е разликата помеѓу малите и големите бизниси? Да тргнеме со некои од карактеристиките на големите:

-Имаат огромна финансиска моќ
-Имаат голем потенцијал на човечки ресурси
-Имаат големи потрошувачи
-Вложуваат многу пари во маркетинг
-Имаат пониски цени, заради попусти на обемот на нарачки што ги добиваат
-Имаат големи залихи
-Грешките можат да се толерираат
-Не даваат дополнителни услуги
-Тешко се менуваат или им требе повеќе време
-Не можат да имаат лични односи со потрошувачите
…
Некои од карактеристиките на малите бизниси се:

-Немаат финансиска моќ
-Слаби се со човечки ресурси
-Немаат големи потрошувачи
-Немаат доволно финансии за маркетинг
-Добиваат повисоки набавни цени заради мал обем на нарачки
-Не држат големи залихи
-Грешките можат да бидат кобни
-Даваат дополнителни услуги на потрошувачите
-Имаат голем потенцијал за брзо прилагодување
-Одржуваат лични и блиски односи со потрошувачите
…
Од овие неколку карактеристики на мали и големи бизниси може да се забележи дека тие се дијаметрално спротивставени. Но, каде е клучот на успехот на малите бизниси? Предноста може да се побара и да се искористи во следниве карактеристики:

-Бидејќи немаат големи финансии за маркетинг, малите бизниси се инвентивни и користат различни ниско буџетни маркетинг тактики кои може да бидат поинтересни и поблиски за потенцијалните потрошувачи.
-Бидејќи не држат големи залихи, не плаќаат за складишта, како ни за трошоци за одржување на залихи. Со тоа компензираат дел од повисоките цени за набавка во однос на големите бизниси.
-Бидејќи грешките може да бидат кобни како за претприемачот така и за бизнисот воопшто претприемачите на малите бизниси се доста претпазливи. Тие имаат посебна карактеристика да превземаат вкалкулиран ризик.
-Заради повисоките цени воведуваат различни дополнителни услуги (без потребна бирократија на големите)кои можат да бидат од големо значење за потрошувачите што претставува предност во однос на големите бизниси.
-Малите бизниси имаат особина на брзо прилагодување што кај големите заради бирократијата потешко се изведува што претставува вистинска предност на малите.
-Малите бизниси се поблиски со потрошувачите и на секој потрошувач (голем или мал) можат да му обрнат посебно внимание при услужување што претставува предност во однос на големите бизниси.
-Веројатно сте забележале дека малите кучиња се многу повоинствени од големите. Сте забележале како некое куче од мала раса се нафрлува на некое куче од голема раса, а големото го гледа не знае што се случува (а, можеби и не може да го види од големината). Но, во моментот кога големото зарже малото веднаш се повлекува, што значи дека му е мил животот. Токму такви може да бидат и малите бизниси, напаѓаат постојано, но без ризик да бидат смачкани од големите бизиниси.

Карактеристиките на ефективниот лидер

Секоја организација тежнее кон постигнување на извонредна перформанса. Главната улога кон овој пат ја имаат лидерите во организацијата кои што треба да ја поттикнат извонредноста. За да се постигне ваквата посакувана перформанса пред сe лидерот треба да поседува карактеристики на ефективен водач. Извонредноста започнува со лидери со добар и цврст карактер кои целосно се препуштаат на лидерството, а првиот чекор кон тоа е да се биде личност со карактер кој е достоен на почит.

Не  губете време расправајќи се каков треба да биде добриот лидер. Бидете такви - Marcus Aurelius

Постојат различни тврдења и теории за времето кога карактерот се формира. Како и да е може да се каже дека формирањето на карактерот започнува уште од најраната возраст, но она што е важно е дека карактерот не се менува брзо. Индикатор за нечиј карактер е доколку се опсервира неговото однесување, врз основа на што може да се добие слика дали карактерот е силен или слаб, добар или лош. Лице со силен карактер покажува поттик, енергија, детерминираност, самодисциплина, волја и смелост. Цврсто и сигурно се насочува кон она што сака да го постигне, а таквото однесување со сигурност привлекуваат следбеници. Од друга страна пак, лицето со слаб карактер не знае што сака и се карактеризира со дезорганизираност, колеблив е и неконзистентен во своите ставови. Ваквите карактеристики не привлекуваат следбеници.

На една организација потребен ? е водач со цврст и добар карактер, кој ќе ги води следбениците и ќе покаже дека може да му се верува.

Храброст, а не поплаки е она што ни е потребно денес. Лидерство, а не трговија - John F. Kennedy

Ефективниот лидер пред сe треба да изгради доверба кај своите следбеници. Во секоја организација, лидерот е оној кој ја поставува патеката, кој го дава ритамот. Градењето на довербата се постигнува со манифестирање на карактер кој во себе содржи верувања, вредности, вештини и соодветни особини.

Верувања. Може да бидат претпоставки или убедувања што личноста ги има во поглед на луѓето, концептите, работите... Верувања за животот, што е добро, што е лошо, каква е човековата природа.

Вредности. Вредностите се важен сегмент за еден лидер бидејќи имаат влијание на неговото однесување и можноста соодветно да ја оцени важноста на одредени активности.

Вештини - знаењето и вештините кои што ги стекнува личноста во текот на животот. Способноста за учење нови вештини зависи од личност до личност. Одредени вештини се стекнуваат многу лесно, додека за други потребна е целосна посветеност.

Особините ги издвојуваат квалитетите или карактеристиките на личноста. Самиот карактер претставува збир на различни особини. Постојат стотици различни особини, но оние кои што се клучни за еден ефективен лидер, врз основа на поделбата на Tom Peters се следните:

-       Чесност – ја претставува искреноста, интегритетот и непристрасноста во сите свои активности. Измамничкото однесување кое се базира на лаги не поттикнува доверба

-       Компетентност – лидерот треба да ги базира своите активности врз основа на морални принципи. Ефективниот лидер не смее да донесува одлуки кои што ќе бидат базирани на емоционални желби и чувства

-       Современост – лидерот мора да поставува цели и да има визија за иднината. Визијата мора да ја претстави низ целата организација. Ефективните лидери го претставуваат она што го сакаат и начинот на кој што ќе дојдат до тоа. Вообичаено ги избираат своите приоритети од своите основни вредности.

-       Инспиративност – покажува увереност во секоја активност која што ја презема. Со постојаноста во својата ментална, физичка и духовна енергија, ги поттикнува и своите следбеници да достигнат нови успеси и постигнувања.

-       Правичност – покажува фер однесување кон сите вработени. Покажува емпатија со тоа што е сензитивен на чувства, вредности, интереси, како и доброто на своите следбеници. Предрасудите се најголемиот непријател на правдата.

-       Либералност – ефективниот лидер секогаш е во потрага по разноликост.

-       Истрајност – истраен е во постигнување на целите, без оглед на навидум несовладливите пречки. Ефективниот лидер кога е под стрес покажува смиреност.

-       Имагинативност – умее да направи соодветни промени во своето размислување, своите планови и потребните методи. Покажува креативност со размислување на нови и  подобри цели, идеи, можности за решавање на настанатите проблеми. За да бидете ефективен лидер мора да сте имагинативен!

Wednesday, November 10, 2010

Вработување: Дали знаеш како да ги одбереш кандидатите?

Твојот мал бизнис расте, пазарот има потреба од производот или услугата која ја продаваш и вработуваш нови луѓе за да го прошириш својот бизнис. Што воопшто може да тргне наопаку? Одговорот е, многу, ако не ги најмиш вистинските луѓе.
Една од разликите помеѓу бизниси кои цветаат и оние кои живуркаат лежи во добриот персонал. Очигледно, твојот талент како претприемач има голема врска со успехот на твојот бизнис, но има граници на твоите можности. Како водач на фирмата, твоја работа е да најдеш добар персонал, да сфатиш што ги мотивира, и потоа да ги сместиш на работно место на кое и тие и бизнисот ќе бидат успешни.
Наоѓањето добри луѓе одзема многу време и бара трпение и енергија. Треба да одолееш на искушението да ги вработиш првите луѓе што ќе се појават, или пак оние со задоволителни квалификации само затоа што сакаш да престанеш со интервјуирањето и да се вратиш на работа. Исто така треба да вработиш луѓе кои ќе се адаптираат и ќе бидат мотивирани за да го направат твојот бизнис успешен.
Оформи група кандидати
Првиот чекор во процесот откога си определил каков човек ти треба, е да оформиш група кандидати. За да го сториш ова ти требаат конвенционални и неконвенционални пристапи.
  • Секогаш размислувај за својот кадар 
Дури и ако не си во позиција да вработиш некој во овој момент, треба да размислуваш за тоа какви луѓе ти требаат за шест месеци или година, и да внимаваш ако налеташ на такви луѓе
  • Ѕирни насекаде
Штом одлучи што сакаш, контактирај ги колегите, луѓето со кои си работел, пријателите на пријателите и здружението од твојата професија, за да најдеш некого. Ако бараш продавач, зборувај со својот продавач, зборувај со своите купувачи за да видиш кој најмногу им се јавува.
  • Барај на неконвенционални места
Еден сопственик на мал бизнис кој имаше потреба од асиситент, ја вработи келнерката од локалниот ресторан, каде што одеше на доручек. Зошто? Знаеше дека е добра со луѓе, умна и работлива дури и пред да ја повика на интервју за работа. Друго добро место за да најдеш луѓе за административни или повисоки позиции се канцелариите за вработување при факултетите. Тие можат да најдат соодветен кадар, или пак интерни работници (на пракса) кои работат бесплатно. 
  • Не штеди
Ако бараш луѓе на повисока позиција и после сите контакти немаш успех, можеби ќе треба да вработиш професионално лице кое се бави со пронаоѓање соодветен кадар. „Претприемачите мора да го надминат својот цврст став дека нема да потрошат пари, ако сакаат да најдат квалитетен кадар“, вели Кати Елстер, основач и претседател на „Семинари за бизнис стратегија и мали бизниси“, фирма од Њујорк. „Можете да се договорите за цена, или за отплата на повеќе месеци“.
Време за проценка
Штом ја оформи групата, време е да отпочнеш со процесот за евалуација. Ова е фазата во која треба внимателно да процениш дали кандидатот ги поседува вештините за работата (а не само добра личност или цена што ти се допаѓа) како и предиспозициите за работа во претприемничка средина. Има многу високостручни кадри кои доаѓаат од големи фирми, но не се сите погодни за работа во мала фирма. Добар начин за да определиш дали некој може да работи во мала фирма е да поставиш неконвенционални прашања. Кандидатите најверојатно ќе имаат помалку готови одговори, што значи дека ќе добиеш вистински информации за време на интервјуто во врска со расудувањето на кандидатите, подготвеност за преземање ризици и способности за донесување одлуки. Квалитети кои се неопходни за во мала фирма.
Кати Елстер препорачува да се користат долунаведените прашања, и слични прашања, за да се определи дали кандидатот е подготвен да работи во претприемничка средина.
  • Какви ризици презеде на твојата претходна работа и кои беа резултатите?
Со ова прашање се постигнуваат многу работи. Најпрво, ќе видиш што подразбира кандидатот под поимот ризик. Еден ќе мисли дека да се биде храбар значи да се оди против политиката на фирмата, а друг да смета дека треба да се промени рекламната стратегија на фирмата. Со помош на овие прашања ќе видиш како вработениот се носи со работата што ја презема, и како се справува со промена и несигурност.
  • Какви методи користиш за да донесеш одлука? 
Со ова прашање ќе сфатиш дали лицето има проблем со донесување одлуки. Лице кое ги прави работите како што се правеле отсекогаш, или лице на кое му се потребни мислењата на другите за да донесе одлука, можеби не е вистинскиот кандидат за мало претпријатие, затоа што таква фирма обично има потреба од независни вработени кои најчесто треба да донесат одлука под притисок или во пет до дванаесет. За да разбереш како размислува кандидатот, постави прашање со конкретна ситуација.
  • Дали треба вработените да го критикуваат шефот? На каков начин?
Ова ќе ги оддели луѓето што на сe климаат со глава од оние кои можат да го подобрат твојот бизнис со тоа што ќе постават интелигентни прашања. Но секако треба да внимаваш да не вработиш некој кавгаџија кој со ништо не се согласува, чисто од каприц. За да видиш во која група спаѓаат кандидатите, прашај ги дали некогаш не се согласиле со шефот и каква била ситуацијата. Исто така можеш да прашаш дали некогаш го предизвикале шефот и дали резултатот бил позитивен.

Што е CV ?

Независно од зборот кој се користи CV (curriculum vitae), резиме (resume) или биографија е хронолошки опис на сите академски, вонкадемски и работни достигнувања. Составувањето на CV-то е многу важен момент од пополнувањето на документите за аплицирање. Овој документ е основа за аплицирање за работни позиции во Македонија.

Зборовите Curriculum Vitae на латински означуваат животна приказна. Тоа треба значи да биде вашата приказна за се што до тој момент сте работеле, а што е релевантно за работната позиција. Целта на овој документ е да дадете целосна слика за Вашите квалификации, способности, вештини, постигнувања.

Вo принцип вашата биографија е маркетинг документ. Како таков тој треба да биде наменет за специфичен пазар. Првиот чекор е да ја идентификувате целта.

Откако ќе направите идентификација на целта, треба да бидете сигурни дека вашата биографија директно се обраќа на целта. Може треба да поработите на креирање и прилагодување на биографијата која моментално ја поседувате за да и се обратите на „новата публика„.

Ова не значи дека треба од почеток да креирате сосема нов документ. Понекогаш можеби е потребна само ревизија на профилот.

Елементите кои ги разликуваат одличните биографии од просечните и слабите се гласот, тонот и фокусот. Одлична биографија има силен глас. Тонот е самоуверен, но не претерано. И на крајот одличната биографија е фокусирана и го води оној кој ја чита во јасна насока.

Најефективниот начин за да ја визуелизирате вашата биографија е да ја гледате како статија во весник. Во статија во весник фактите се дадени на почетокот. Како што се развива статијата фактите стануваат се помалку и текстот содржи се помалку детали.

Друг начин да размислувате е свртена пирамида. Најновата и моменталната информација би требало да бидe најдетална и да се појави веднаш на почетокот. Колку поназад одите во минатото, толку помалку волумен и детали се даваат.

Покрај основните информации во биографијата како што се име и презиме, контакт телефон, факс, е-маил и адреса треба да наведете и:

· формално и дополнително образование

· работно искуство (релевантно за позицијата)

· познавање на странски јазици и компјутерски способности

· награди и признанија

· дополнителни активости

Вообичаена должина на текстот од биографијата зависи од вашето искуство, но во принцип не треба да биде предолго, бидејќи нема да може да го задржи интересот на оној кој ја чита.

Видови на биографии

Во основа постојат два вида на биографии:

Хронолошка биографија е најефективна како раскажување на приказна во логичка и линеарна форма од завршување на образованието до денес. Овој формат се пишува наративно со фокусирање на голем дел од неговиот простор (можеби ј до 1/3) на она што во моментов работите, а притоа дополнувајќи ја таа информација со се она што имате посетувано од образование до сега. Овој начин е полесен да се следи од страна на читателот, бидејќи се даваат и датумите за се што е напишано. Читателот добива и осет за длабочината и ширината на вашето искуство.

Функционалната биографија може да биде ефективна за оние кои се
специјализирале во неколку области или кои имаат неколку паралелни кариери.
Има голем број на организации со рамни структури кои имат потреба луѓето своите кариери да ги движат хоризонтално низ функциите, наместо ветрикално или нагоре во секоја функција. Професионалците во областа на човечки ресусри и маркетинг го користат функционалниот формат на биографија за да покажат широко познавање во своите области. Функционалната биографија е добар
формат за така наречените генералисти. Исто така може да биде добра формат при промена на кариера.

EU – формат на CV

Европското CV денес е општоприфатен формулар во сите држави на ЕУ кога се аплицира за работни позиции. Многу е едноставно за користење, бидејќи е поделено на логични целини.

Тоа е еден од петте документи кои го составуваат EUROPASS. Europass е сет од документи кои ви помага сите ваши вештини и квалификации да ги поставите на единствен начин во обединета Европа.

Симни македонска верзијаСимни англиска верзија

Thursday, November 4, 2010

Како да користиш заеми

За бизнис во развој, одржување на пристојно ниво на долговите може да биде ефективен начин на водење бизнис. Некои сопственици на мали бизниси се горди на тоа што никогаш немале долг, но тоа не е секогаш реалистичен приод кон работите. Развојот често бара значителен капитал, и за да ги добиеш парите треба да побараш заем од банка, личен кредит, револвинг кредитна линија, трговски кредит, или некој друг вид на дебитно финансирање.
Прашањето за многу сопственици на мал бизнис е: Колкав долг е преголем? Одговорот на ова прашање ќе го пронајдеш  во внимателна анализа на твојот готовински тек и специфичните потреби на твојот бизнис и твојата стопанска гранка. Советите подолу ќе ти помогнат да анализираш дали влегувањето во долгови е добра идеја за твојата фирма.
Проучи ги своите причини за позајмување
Има бројни сценарија за тоа кога е добро да се задолжиш. Во принцип, долгот може да биде добра идеја ако треба да го подобриш или заштитиш својот готовински тек, или ако треба да финансираш развој и експанзија. Во овие случаи, цената на заемот може да биде помала отколку цената на финансирање на овие потези преку тековен приход. Некои вообичаени причини за барање заем вклучуваат:
Работен капитал- кога сакаш да ја зголемиш работната сила во твојата фирма, или да ги подобриш инвентарот.
Проширување на нови пазари- кога фирми доаѓаат на нови пазари, тие често се среќаваат со подолг циклус на наплата или треба да понудат поповолни услови за новите купувачи: позајмените средства ќе помогнат да се преброди овој период.
Капитални набавки-  можеби ќе треба да финансираш нова опрема со цел да го придвижиш твојот бизнис кон нови пазари и да ја прошириш својата производна линија. 
Подобрување на твојот готовински тек- ако имаш помалку од 10 години од долгорочен долг, рефинансирањето ќе го подобри твојот готовински тек.
Градење на кредитна историја или однос со заемодавач- ако не си позајмувал порано, земање заем може да ти помогне во развојот на добра историја и може да ти помогне да добиеш финансирање во иднина.
Планирај ефикасно
Пред да земеш заем или какво и да е дебитно финансирање, треба да посветиш време на планирање на своите најголеми/капитални потреби. Најлошото време за земање заем е кога си во криза. Ненадејно губење на трговски кредит, неможност да се покрие платниот список, или друга итна ситуација може да те натера да земеш кредит веднаш, а тоа може да резултира во многу неповолни услови. Ако направиш план, тоа ќе ти овозможи да ги задоволиш твоите потреби за готовински прилив, и ќе ти овозможи да испланираш што ти треба и кога ти треба. Ова ќе ти овозможи повеќе време да ги проучиш сите извори за финансирање и да преговараш за најдобри услови. Ваков план ќе се состои од целосен преглед на твојата билансна состојба и ќе ти помогне да го анализираш готовинскиот прилив, активата и обврските. Можеби ќе сакаш да подготвиш изјава про- форма, што претставува баланс за следните 1- 3 години.
Проучи го краткорочниот наспроти долгорочниот долг
Исто како што треба да бидеш сигурен дека земаш заем поради вистински причини, така треба да бидеш сигурен дека го земаш вистинскиот заем. На пример, ако земеш краткорочен долг а потребен е долгорочен, тоа може да ти создаде финансиски проблеми, затоа што може да те принуди на непотребни мерки (како што е продажба на дел од бизнис) за да го покриеш.
Во принцип, користи краткорочен долг за краткорочни потреби. Ова ќе ти помогне да избегнеш трошок за повисока камата и ограничени услови за долгорочни заеми. На пример, ако имаш привремена рапидна зголемена продажба- како што е таа кога има зголемени сезонски побарувања- тогаш треба да размислиш за краткорочен заем. Ако развојот продолжи за подолг временски период, погледај ги опциите за подолг период, како што е поголема основа за кредит заради продажба, парични побарувања, или залихи. Периодот на твојот долг нема да има влијание на твојот коефициент на задолженост. Како и да е, ќе има промени во индикаторите на ликвидност  како што е твојот тековен коефициент, затоа што тековните обврски вклучуваат само долг кој мора да биде отплатен во текот на една година, а не долгови кои треба да се отплатат подоцна. На тој начин, долгорочните заеми позитивно ќе влијаат на твојот коефициент на ликвидност.
Засновај го новиот долг на тековни потреби
Кога каматните стапки се ниски и парите лесно се добиваат, можеби ќе паднеш во искушение да купиш опрема или да направиш капитални набавки. Ако е тоа случајот со твојот бизнис, засновај ја твојата одлука само на тековните потреби. Можноста за зголемување на цените не е причина за да потрошиш повеќе пари отколку што е потребно. На пример, ако на твојот бизнис му треба дополнителна компјутерска опрема, можеби ќе ти треба заем за да ја купиш. Но, да купиш повеќе компјутери затоа што следната година ќе поскапат, не е доволно добро оправдување. На крајот ќе ти остане опрема што не ти треба и долгови кои мора да ги отплаќаш.

Thursday, October 21, 2010

Историја на сметководството

Историјата за сметководството датира уште многу одамна, уште кога се започнувало да се создаваат цивилизациите на светот( шумерите во Месопотамија, на пример), кога со обработување на земјата се дошло до заклучок дека е потребно да се запамнува точната вредност на земјоделските продукти. Самото елементарно сметководство е споменато и во Библијата (Новиот Завет), во книгата на Матеј(мат .25: 19). Во исламскиот Куран исто така се коментира за елементарно сметководство (Куран 2: 282).
Во текот на 12 век, арапскиот писател Ибан Тајмијах пишува во својата книга Hisba, (" проверката" или "пресметка") дека пресметувањето на некои системни потреби од страна на муслиманите се употребувани уште од средината на седмиот век, попознати како СЕ. Оваа сметководствена практика подоцна била употребувана и од страна на римјаните и персијците. Првата книга за сметководството била составена од хрватинот Бенедикт Кортулевиќ трговец од републиката околу Дубровник, Хрватска). Според други пак, создавач на првата книга по сметководство „Се за аритметиката, геометријата, пропорциите и пропорционалноста“ („Summa de arithmetica, geometrica, proportioni et proportionalita “, Венеција, 1494 г.) бил Лука Пачоли. Книгата содржи отделна глава во која за прв пат се опишува сметководствениот систем во Венеција.

Работа со некоректни работници

Сите менаџери наидуваат на работници кои едноставно се тешки за соработка. Постојат два вида на "тешки" работници - едните се постојано тешки за соработка, а другите се однесуваат лошо само во одредени ситуации. Сепак, работата на менаџерите е да управуваат со сите луѓе, па менаџерите не смеат да ги игнорираат и да кренат раце од комплицираните работници.

Кога малите деца сакаат нешто од продавницата, тие се недостапни за соработка, едноставно не ве слушаат, бегаат, викаат и слично. Слична е ситуацијата и со комплицираните работници. Тоа се работници кои негодуваат секогаш кога некој ќе рече нешто спротивно на нивните ставови. Кога луѓето ќе престанат да им се спротивставуваат, овие работници ќе ја прекинат кавгата.

Менаџерите мора да реагираат брзо на проблемите предизвикани од овие работници. Сепак, пред да реагираат, менаџерите треба да размислат за последиците. Брзината на реагирање зависи и од ситуацијата во која се наоѓате. Доколку некој од вашите вработени донесе пиштол на работа, нормално дека ќе треба да реагирате многу побрзо одколку кога некој не се вратил на време од паузата за доручек. Од време на време, менаџерите треба да го разгледаат списокот на работници и да се потрудат да ги откријат ситуациите во кои одредени работници се однесуваат некоректно и недостапно. До секое име на листата, треба да додадат прибелешки.

Менаџерите не смеат да потклекнат пред озборувања и гласини. Всушност, работниците кои шират муабети низ компанијата треба да бидат први на листата на некоректни работници. Сепак, одвоете време за да проверите дали има дел вистина во овие озборувања. Донесувајте одлуки базирани на факти.

Планирајте ги конфликтите со "тешките" работници. Во овој момент, искористете ги податоците од листата која ја направивте за ситуации во кои вработените се однесуваат на непријатен начин. Некогаш сте приморани да донесете одлуки за кои знаете дека ќе предизвикаат негативни последици врз однесувањето на вработените, па многу е подобро доколку спремни се соочите со тој проблем.

Судете според одредено однесување, а не според одредена личност

Вашата цел не е да ги нападнете сите кои се однесуваат лошо, туку да создадете ситуација во која луѓето нема да осетат потреба од остра интервенција. Користете ЈАС, а не ТИ. Пример. "Сакам секој од вас да доаѓа на време" е многу подобра опција од "Ти секогаш доцниш".

Лошото однесување не е секогаш резултат на лоша намера. Понекогаш може да се случи таквото однесување да е резултат на страв, збунетост, недостиг на мотивација, лични проблеми и слично. Дајте и шанса на личноста сама да изнајде решение за ваквите проблеми. Работниците се многу попродуктивни доколку и тие имаат удел во креирањето на решението за одреден проблем. Некогаш градењето на благосостојбата во организацијата оди постепено, но понекогаш работите можат да се поправат само со драстични промени.

Јасно е дека лошото однесување може да се избегне само со заеднички договор. За да се подобри однесувањето, работникот мора да се сложи со менаџерот околу новото решение, односно новата ситуација. Работникот мора да сфати што не чини кај неговото однесување и да увиди барем еден пример на добро однесување. Секогаш кога на некого му објаснувате дека нешто не е добро, поткрепете ја вашата изјава со пример за нешто што е добро.

Wednesday, October 13, 2010

Што се ми е потребно за да отворам своја компанија?

Ова е прашање што често си го поставуваат поединци кои имаат идеја да отворат компанија, но не се сигурни во постапката и цената која треба да ја платат. Често се слуша терминот „едношалтерски систем“ и дали тој навистина функционира.Се потрудивме да најдеме одговор на ова прашање, и за среќа на сите тоа функционира. Односно нема потреба да одите кај адвокат кој целата процедура ќе ви ја заврши за цена од 200Еур. Доволно е да појдете во Централниот регистар на Р. Македонија и навистина ќе завршите 90% од потребните процедури. Имено, ќе Ви биде потребна лична карта, и износ до 4602 денари. 
Ќе се обратите до шалтерот за Основање на фирма, ќе Ви ги дадат обрасците кои треба да ги пополните, да направите соодветна уплата за трошоците како на пример, такса од 2552 денари, проценител и печати 1250 денари, и слично. Потоа ќе Ве упатат да најдете проценител. 
Истотака на шалтерот ќе може да проверите дали случајно постои веќе фирма со исто или слично име.

Процедурата трае еден ден. Откако ќе се завршат сите процедури ќе биде потребно само да отворите жиро сметка во банката во која ќе одлучите да имате сметка.

Нормално основач и управител на фирма можат да бидат лица согласно Законот за трговски друштва.

Каде да добиете заем за мал бизнис ?

Ако сакате да го проширите вашиот бизнис,ќе ви требаат пари.Парите сеуште не паѓаат од  дрво за малите бизниси,а морињата на заеми може да претставуваат предизвик за навигација.Иако ви треба финансирање,ќе треба да се осигурате дека вашата зделка е подобра од онаа која ја нуди локалната заем-ајкула.
Парите може да бидат достапни благодарение на стимулативното трошење ,но тоа не значи дека е лесно да се добијат.
Еве неколку опции:
Традиционални банкарски заеми
Вашата локална банка може да нуди ниски каматни стапки и долг период за враќање на парите.Звучи добро но многу од претпериемачите се соочуваат со финансиски директиви кои оневозможуваат овие заеми да бидат одобрени.Негативната страна кај банките е тоа што заемите кои ги нудат се практично невозможни за да бидат подигнати.Исто така многу од овие заеми се со регрес,што значи дека има стандард кој вели дека банката ќе тргне по вашиот имот како и по секое ваше дополнително средство кое го обезбедува заемот.
Секоја банка има различни услови за давање на заем,затоа најдобро е да разгледате наоколу.Започнете со вашата лична банка.Ако банкарот ве познава,тој или таа може да ви пружи дополнителна помош кога аплицирате.Ако успеете да добиете банкарски заем ќе добиете ниска каматна стапка и долг период за враќање на парите.
Заем од роднините и пријателите
Никој не посакува вашиот бизнис да успее колку што тоа го посакуваат вашите роднини и пријатели,што значи дека вашите сакани и блиски може да бидат добар извор за финансирање.За возврат покрај вашата благодарност,вашиот нов позајмувач може да добие пристојна каматна стапка-многу подобро од банкарски сертификат за депозит или фонд на пазарот на пари.Осигурете се дека ќе го постапите правилно.Направете нацрт-договор или гарантна забелешка за заемот со точни рокови за враќање на парите,за да не влезете во судир со Управата за Јавни Приходи(ако добиете заем без камата,УЈП може да ви залепи камата на него или да одлучи дека заемот бил подарок што би имало даночни последици).Секојпат кога ги мешате бизнисот и приватното ризикувате да ги повредите вашите најблиски.
Вашиот дом
Хипотекарниоте заем е еден од најлесните и најбрзите начини да дојдете до кеш,но тој факт ги доведе во неволја многу корисници на овој капитал последните неколку години.Од тогаш банките ги скратија линиите на хипотекарни заеми и поставија построги критериуми за добивање на ваков заем.Ако имате домашен имот на располагање бидете претпазливи пред да го поставите на хипотека.Ако работите тргнат наопаку со бизнисот може на крајот да го изгубите вашиот дом како и да бидете сметани за лично одговорен за плаќањето на некој недостаток.
Кредтини картички
Личните и бизнис кредитни картички може да изгледаат како лесно решение за вашите потреби,но можат да бидат скапи,со каматни стапки кои надминуваат 20 проценти-големо расфрлање за еден заем.Затоа користете ги картичките умерено и не за долгорочно финансирање.
Ако имате краткорочна потреба за купување за која сте 99.9 проценти сигурни дека ќе ги имате парите за да ја ипслатите кредитната картичка кога ќе достаса,тогаш тоа е добро користење на ресурсите.
Партнер
Ако сакате да го делите вашиот иден успех тогаш земете во предвид партнер кој ќе инвестира одредан сума пари во вашиот бизнис.Партнерот треба да го изберете исто како да бирате сопруга,дури и повнимателно.
Партнерот може да донесе пари но исто така може да донесе и свои идеи за тоа како да се води бизнисот.Треба да имате волја да делите и истовременоќе треба да потпишете неколку конкретни договори за неговата улога во фирмата.
Помалку традиционално финансирање
Се појавуваат веб-страни кои им дозволуваат на потрошувачите да нудат заеми.На пример prosper.com ги поврзува потенцијалните позајмувачи и заемодаватели кои се согласуваат на тригодишни неосигурани заеми со фиксни каматни стапки.Позајмувачите објавуваат колку сакаат да позајмат и макслималната каматна стапка која би ја плаќале,а потенцијалните заемодаватели се надаваат за заемите.
Вашите пензиски фондови
Ова треба да биде извор на финансирање како последна опција.Имате тргнато пари на страна за вашата иднина и иако се надевате дека вашиот бизнис потфат ќе придонесе за вашата иднина,тоа е огромен ризик.Ако бизнисот пропадне,може да се збогувате со вашиот пензиски фонд.
 

Tuesday, October 12, 2010

Ефективни начини за наплата

Фирмите можат да ја забрзаат наплатата на своите парични побарувања и да избегнат проблеми со задоцнето плаќање со тоа што ќе развијат ефективен план за наплата. Во продолжение се дадени неколку чекори кои можеш да ги преземеш, за да се заштитиш од клиентите кои не плаќаат навреме.
Внимавај на изгледот на твоите фактури
Води сметка твоите фактури да изгледаат јасно, да бидат точни, детални и разбирливи. На секоја треба да стои јасно и сумата која треба да се плати; број на налогот за нарачка, името и адресата на купувачот; името на твојата фирма, адреса, и идентификацискиот број. Секако треба да го наведеш и името и телефонскиот број на лицето за контакт во твојата фирма ако се појават некои прашања. Ако е можно, наведи ги сите ставки за наплата по реден број. Потешко е да се спори за сметка која е расчленета по ставки, и ако се случи спор за плаќање на сметката, ќе можеш легитимно да побараш плаќање на неспорните ставки. Фактурите треба исто така да содржат и одредба со која се информира купувачот да те побара ако се појават какви било проблеми со твоите услуги. На фактурата треба јасно да се наведени задоцнетите побарувања.
Испраќај ги навреме твоите фактури
Што поскоро ги испратиш твоите фактури, тоа поскоро ќе пристигне исплатата. Некои мали фирми ги испраќаат своите фактури еднаш месечно, но тоа е погрешно, затоа што може да одложи некои исплати за две до три недели. Затоа, обиди се да ги испратиш фактурите во рок од ден, два по испораката на својот производ, или по завршување на проектот.
Испрати ја фактурата на вистинското лице
Ако ја испратиш фактурата на погрешно лице, ризикуваш задоцнето плаќање од 30 или 60 дена, затоа што фактура испратена на погрешно лице потоа кружи низ фирмата. Зборувај директно со својот клиент и прашај го до кого треба да ја адресираш фактурата. Ако фактурата треба да стигне до некој со кого не контактираш секојдневно, јави се и претстави се пред да ја испратиш сметката по пошта. 
Ако ја праќаш сметката до сметководителот на твојот клиент или до оддел за сметководство, адресирај го писмото и до него и потоа јави се по телефон.
Што понатаму
Лесно е сметководителот да ја занемари фактурата ако нема дополнителен потсетник, односно ако не се јавиш да го провериш статусот на фактурата. Краток повик може да ти потврди дека твојата фактура пристигнала и дека е во процес. Ако не добиеш уплата до одреден датум, провери со сметководителот повторно кога ќе биде фактурата платена, и јавувај се еднаш неделно, сe додека не пристигне  уплатата.

Thursday, September 30, 2010

ОД 1 ОКТОМВРИ - ВO ПРИМЕНА НОВ ОБРАЗЕЦ “ДДВ-04“

Новата Даночна пријава на данокот на додадена вредност (образец “ДДВ-04“) ќе се применува од 1 октомври 2010 година и е во функција на усогласување со последните измени на Законот за ДДВ, со кои се предвидува прилогот кон ДДВ-пријавата – Периодичен извештај од денарски и девизни трансакциски сметки на ДДВ обврзникот да се доставува до Управата за јавни приходи по електронски пат од страна на носителите на платен промет (банки).
Формата и содржината на новата ДДВ-пријава е пропишана со Правилникот за формата и содржината на даночната пријава на данокот на додадена вредност објавен на 27 септември 2010 година („Службен весник на РМ” бр. 128/2010).

Трикови како да ги надминете своите конкуренти во продажбата

1.    Колку што е важно да знаете се за производот, исто толку е важно да знаете нешто за купувачот- Да го познавате својот купувач  значи да знаете  што тој сака. Можеби  тоа е вашиот производ, а можеби е и нешто друго:  признание, почит, сигурност, услуга,  задоволување на суетата, пријателство, помош-  тоа што , како на човечки суштества ни е многу важно од трговски центри. 
2.     Кога ќе ја поврзете својата личност со работата, луѓето ќе почнат да реагираат на личноста, а ќе престанат да реагираат на работата.
3.    Кратките пораки даваат долгорочни резултати.
4.    Не гледајте колку е часот, туку гледајте како да го искористите времето- Продавачот всушност го продава своето време, производот стои независно од неговото ангажирање, ако не е тука за да им понуда услуга, потрошувачот ќе најде ќе најде друг од кој ќе го купи производот. 
5.    Ако немате цел, никогаш нема да стигнете до неа!- Поставувањето на цел преставува процес од три чекори и тоа Поставување на цел, Разработување план за остварување на целта и Планирање на времето за остварување на целта.  „Целта е сон што има рок“. Ставете ги своите цели на хартија, тоа е единствениот начин да им дадете опипливост, што ќе ве натера да го спроведете на дело. 
6.    Верувајте во себе, дури и кога никој друг не верува во вас- Ако верувате во себе, не постои нешто што не можете да го направите. Затоа никогаш не се откажувајте. 
 7.    Фантазирајте- Мечтаењето и замислувањето на посакуваниот исход се еден од најдобрите начини за постигнување на личните цели.
 8.    Најлесниот, најевтиниот и нај занемарливиот начин на рекламирање- Обојте го вашиот велосипед, автомобил, камиот итн.
 9.    Покажете ми го човекот што мисли дека го собрал сиот ум  на овој свет и ќе ви го покажам најлесниот начин да ја завршите работата- Само наведете го да помисли дека идејата е негова.  

Карактеристики на успешен претприемач


Храброст: Се мисли на поседување на претприемачки инстинкт, кој е голема желба за водење на свој бизнис. Морате да имате храброст и посветеност За остварување на вашата цел. Посветеноста коон целта е многу поверојатна ако го сакате полето на вашиот бизнис што планирате да го основате.Животот е премногу краток да започнете бизнис што не ви носи задоволство и радост. И низ добри и лоши времиња, вие ќе се држите за она што го сакате.
Разум: Иако соодветни едукациски квалификации се доста важни, претприемачки разум подразбира многу повеќе од школски достигнувања. За да станете успешен претприемач мора да имате работно знаење за бизнисот што планирате да го отпочнете, пред да го основате. Здравиот разум комбиниран со соодветно искуство е неопходната база за успех. Следствено, претпазливоста и фокусирањето на деталите се многу битни.
Капитал: За почеток, потребни ви се ваши сопствени пари, како и доволно готовина за да одржите позитивен готовински тек во текот на првата година. Во некои од наредните статии ќе прочитате како да ги предвидите идните готовински потреби преку контрола на готовинските текови. Многу бизниси можат да бидат отпочнати како доста мали, со мал обем на инвестиции. Понатаму, како што растат и вие се стекнувате со искуство, готовинските приливи од вашиот бизнис може да ги употребите за раст. Во некои случаи не ви е потребен почетен капитал да најмите други луѓе бидејќи може да почнете самите да правите се.  “Направи сам” е добар начин да научите се за вашиот бизнис и тоа ќе ве направи поквалификуван да делегирате работа на другите, како што одминува времето. Можете да го контролирате ризикот со поставување на граница на тоа колку инвестирате во вашиот бизнис.

Saturday, September 25, 2010

Менаџирање на долгот

За растечки бизнис, постоењето на подносливо ниво на долг може да претставува ефективен начин на правење бизнис. Додека некои сопственици на мали бизниси се горди на фактот дека никогаш немале долг, ова не е секогаш реален пристап. Растот често бра значителен капитал, и да ги најдеш тие пари може да значи да земеш банкарски заем, личен заем, револвинг кредитна линија, трговски кредит или некава друга форма на финансиско задолжување.
Прашањето за многу сопственици а мал бизнис е: Колку долг е премногу? Одговорот на ова прашање лежи во внимателна анализа на твојот готовински тек и конкретните потреби на твојата бизнис и индустрија. Насоките подолу ќе ти помогнат во анализата дали земњето на одредено задолжување е добра идеја за твојата компанија.
Истражи ги твоите причини за позајмување  
Постојат бројни сценарија кога има смисла за задолжување. Генерално, задолжувањето е добра идеја ако треба да го подобриш или заштитиш твојот готовински тек, или треба да финансираш раст и експанзија. Во овие случаи трошоците за заем може да се помали од трошоците кога би ги финасирал овие подвизи со тековните приходи. Неколку вообичаени причини за барање на заем вклучуваат:
·         Работен капитал- Кога сакаш да ја зголемиш работната сила на компанијата или твојот инвентар
·         Ширење во нови пазари-  кога компаниите влегуваат во нови пазари вообичаено се соочуваат со подогли циклуси на наплата или мора да понудат поволни услови за новите клиенти. Позајмени фондови може да помгнат во овој период.
·         Правење на капитални купувања- купување на нова опрема со цел да го придвижиш твојот производ во нови пазари или да ја прошириш производната линија.
·         Подобрување на готовински тек- Ако имаш помалку од 10 години останати од долгорочни долгови, рефинасирањето може да го подбри готовинскиот тек.
·         Градење на кредитна историја или врска со заемодавачот- ако немаш позајмено претходно, земањето на заем може да помгне во развој на добра историја на отплата и може да ти помгне во добифањето на финансии во иднина.
Планирај ефективно
Пред  да земеш заем или било какво должничко финансирање, треба да посветиш време на планирање на твоите потреби за капитал. Најлошото време да направиш било какво задолжување е за време на криза. Ненадејна загуба на трговски кредит, неспособност да се исплатат плати или друга итна потреба може да те присили да се задолжиш под многу неповолни услови. Планот ќе ти озвоможи да ги предвидиш твоите побарувања на готовина, овозможувајќи ти да одредиш што ти треба и кога ти треба. Ова ќе ти даде дополнително време да ги истражиш сите можни извори на заеми и да преговараш за најповолни услови. Планот за капитал треба да се состои од целсен преглед на твојот баланс на состојба за да ти помогне во анализата на готовинските текови, средства и обврски. Исто тка може да направиш pro forma извештај со проекции за следните 1 до 3 години.
Испитај ги краткорочните наспроти долгорочни долгови
 Исто како што треба да се осигураш дека земаш заем поради вистинските причини, исто така треба да се осигураш дека го земш вистинскиот вид на заем. На пример земање на краткорочен заем кога е потребен долгорочен може брзо да создаде финансиски проблеми бидејќи може да бидеш присилен да преземеш одредени мерки (како продавање на дел од бизнисот) за да ја исполниш обврската. 
Во основа користи краткорочен кредит за краткорочни потреби. Ова ќе ти овозможи да избегнеш плаќање на високи каматни стапки и повеќето  рестриктивни услови на долгорочно задолжување. На пример, ако се соочуваш со привремно ненадејно брзо зголемување на продажбите-како на пример поради сезонска побарувачка- тогаш треба да бараш краткорочен заем. Ако растот продолжи во подолг период , разгледај ги опциите на долг рок како проширување на кредитната линија која се бзаира на продажби, на ненаплатени побарувања, односи на залихи и сл. Рокот на твојот долг нема да има влијание на односот долг- вредност на компанијата. Но сепак ќе забележиш промени во индикаторите за ликвидност како твојот  тековен сразмер, бидејќи тековните обврски се состојат само до оние долгови кои доспеваат за една година, а не оние што доспеваат подоцна. Така долгорочните заеми може позитивно да влијаат на твоите индикатори за ликвидност.
Засновај го новиот долг на тековни потреби
Кога каматните стапки се ниски а парите ефтини, може да дојдеш во искушение да земеш заеми за да купиш опрема или други капитални набавки. Ако е таков случајот, осигурај се дека ќе ја базираш твојата одлука само врз основа на твоите тековни потреби. Веројатноста  дека ќе се зголемат каматните стапки не е доволна причина да трошиш пари на нешто што не ти треба. На пример  ако на твојот бизнис му е потребна дополнителна компјутерска опрема, може да земеш заем за да ја купиш. Но купувањето на компјутери само затоа што ќе бидат поскапи следната година е слабо оправдување да се креираат нови задолжувања. Може да завршиш заглавен со опрема која не ти е потребна и долгови кои си обврзан да ги платиш. 

Подготвување на финансиски извештаи- Основни концепти

Биланс на успехБилансот на успех ги покажува финансиските резултати од операциите за одреден период. Гледај на него како на дневник за што се има случено, на пример за период од 12 месеци. Од билансот на успех може да го одредиш нивото на профит или загуба бидејќи количините на продадени добра и услуги и други извори на приходи се споредуваат со сите трошоци и расходи направени за производство и испорака на тие производи и услуги. Главните елементи на билансот на успех се :
·         Нето продажби- претставуваат  примарен извор на пари од клиентите за продадени добра или извршени услуги. Нето продажбите ја опфаќаат количината која се добива откако ќе се одземат вратените производи и попустите.
·         Трошоци на продажба и оперативни трошоци-  се сите трошоци настанати во фабриката (вклучувајќи и амортизација) во процесот на претварање на суровите материјали во готови производи.
·         Оперативен профит- нето продажби минус оперативни трошоци
·         Приходи од камата- - дополнителен извор на приходи од инвестиции
·         Расходи од камата- камата која се плаќа на кредиторите
·         Процент на оданочување
Биланс на состојбаБилансот на состојба ја прикажува финансиската позиција на бизнисот на одредена дата, нешто како  “фотографија”. Тоа  е извештај за финансиските ресурси (средства) со кои располага бизнисот за да ги извршува економските активности како и за обврските наспроти тие ресурси. Разликата меѓу средствата и обврските е сопственички капитал.
Средства= Обврски+ Сопственички капитал
Главните елементи  на билансот на состојба се :
·         Средства- економски ресурси на бизнисот како згради, опрема, земја, моторни возила, побарувања спрема купувачите, патенти и депозити во банка.
·         Обврски- економски  обврзувања да се платат одредени количини на пари во одреден иден период. Тоа се побарувања на кредиторите спрема компанијата.
·         Сопственички капитал- резидуална добивка на сопствениците на  бизнисот.
Специфични елементи на билансот на состојба се:
·         Тековни средства- тука се вклучуваат готовината и други средства кои по нормалниот тек на бизнисот ќе бидат претворени во готовина во период од една година од датумот на билансот на состојба. Тука спаѓаат привремени инвестиции, побарувања од купувачите, залихи и однапред платени расходи. Тековните средства се работни средства кои што постојано се претвараат во готовина.
·         Фиксни средства- сопствености, фабрика, опрема, се средства кои не се наменети за продажба и се користат постојано за производтсво на производот, негово складирање, транспорт. Фиксните средтсва генерално се состојат од земја, згради, машини и канцелариска опрема.

·         Амортизација- се дефинира за сметководствени намени како намалување на употребната вредност на фиксните средства поради користење и трошење од употреба и со тек на времето. Фиксните средства може да претрпат намалување на употребната вредност поради застареност предизвикана со појавата на нови изуми и технологии. Трошоците направени за снабдување со сопственост, фабрика и опрема се распределуваат низ нивниот процент век на користење. Земјата не се амортизира.
·        Тековни обврски- во основа ги вклучуваат сите долгови кои доспеваат за една година. Плаќањата направени за тековните обврски вообичаено доаѓаат од тековните средства.
·         Задолжувања до снабдувачите- се количина на средства кои компанијата ги должи на снабдувачите од кои има купено производи или услуги.
·         Задолжувања до банки и други финансиери
·         Заостанати задолжувања- може да вклучуваат плати за вработените, камати за позајмени средства од банки и други кредитори, премија за осигурување и сл.
·         Даноци
·         Долгорочни обврски-  се долгови кои доспеваат за повеќе од една година од датумот на финансискиот извештај.
Потребно е да се изготвува билансот на успех и и билансот на состојба на регуларна база за да користи на претприемачот како водич при донесување  на важни одлуки за бизнисот. Постојат бројни технолoшки решенија кои може да ти помогнат во изготвување на вакви финансиски извештаи.