Сметководствено биро "ДЕСПОТОВСКИ" ДООЕЛ, својот работен пристап го темели на идејата за пружање на целосна сметководствена и административна услуга. Со цел да излеземе во пресрет на Вашите потреби вршиме комплетна обработка на податоците.
"ДЕСПОТОВСКИ" ДООЕЛ, Ви ги нуди следниве услуги:
- пресметка и поднесување на ДДВ по електронски пат;
- пресметка и поднесување на данок на добивка по електронски пат;
- пресметка и поднесување на плата по електронски пат;
- изготвување и поднесување на годишни сметки по електронски пат;
- изготвување на периодични извештаи;
- калкулации и приемни листови;
- материјална евиденција;
- пријава и одјава на вработени во Агенција за вработување и ФЗО;
- даночен консалтинг;
- изработка на договори ( закуп, договор на дело, купопродажба... );
- останати административни услуги.