Според некои истражувања, понеделник се вбројува меѓу најдепресивните денови во неделата. Логично, во понеделник мораме да го испланираме работниот распоред за целата недела која ни претстои. Притоа се надеваме дека ќе имаме доволно сили да ги преживееме сите стресови и турбуленции, за да конечно во добро расположение го дочекаме викендот. И така до наредниот понеделник, кога целиот циклус одново се повторува, а вие се чувствувате како во некој маѓепсан круг.
Еве неколку превентивни чекори со кои ќе имате успешна и продуктивна работна недела.
Што можеш денес, не оставај за утре
Не дозволувајте си да го започнете викендот со куп незавршена работа и со мислата: "Ќе го средам тоа во понеделник". Секој понеделник треба да ви биде нов почеток, а не ден во кој ќе се акумулираат незавршени обврски од претходната недела. Веќе во четврток и петок претходната недела направете кус функционален план кој ќе ви овозможи да ги завршите сите тековни обврски во најкус можен рок. Во понеделник ве чекаат нови задолженија, а ако старите не ги завршите дотогаш, ќе се затрупате со работа и нема да знаете од каде да почнете.
Добрата организација и правилниот распоред се клучни
Одредете ги вашите приоритети! Ова правило најмногу ќе ви помогне да го дочекате понеделник релаксирано, без обврски од минатата недела. Уште на почетокот одредете што е најбитно што треба да се направи и сконцентрирајте се на тоа. Најдобро е најважните нешта да ги завршите кога сте одморени и свежи. Во попладневните часови можете да ги завршите оние задачи кои не ви се толку битни и кои се од рутинска природа.
Исто така, ако работата ви е преобемна, не се форсирајте да завршите се одеднаш. Сето тоа може да биде огромен извор на стрес и фрустрација, што е сосема нормално. Затоа, една голема задача поделете ја на повеќе мали. Одете постепено, решавајте една по една обврска и на крајот ќе симнете голем товар од вашиот грб.
Испланирајте го непланираното Што кога ќе се случи нешто непланирано? Како ќе се снајдете во новонастанатата ситуација зависи исклучиво од вашата интелигенција. Секако, за да не се најдете во ќорсокак, запомнете го следниов совет: Испланирајте го непланираното!
Се прашувате што значи тоа? Едноставно, тоа значи дека и покрај сето тоа што сте го испланирале за претстојната работна недела, морате да имате и празен простор во рамките на вапиот план, за да можете да интервенирате ако се случи нешто непланирано. На тој начин ќе имате време да ги завршите сите обврски и безгрижно да уживате во викендот, без да се грижите што се ве чека на работа во понеделник.