Добра структура за формирање на цените може да ви помогне да изградите лојалност од потрошувачите и да остварите профит. Несоодветна структура за формирање на цената може да направи да се борите на пазарот за клиенти и профит. Кога треба да одредите како да ја формирате цената на вашите производи или услуги, се случуваат овие најчести грешки.
Пониска цена
Да ја одрдите реалната цена мора да внимавате на сите трошоци кои учествуваат во создавањето на вашиот производ или услуга. Ова вклучува цена на деловите или набавката на истите исто како и индиректните трошоци како знаење и можности што вие ги давате. Некои претприемачи ги определуваат цените без да ги пресметаат сите трошоци. Тие забораваат да ги пресметаат трошоците за изнајмување или пак имаат проблем со определување на цената за потрошеното време. Пристап којшто го користат компаниите кои нудат услуги е што имаат одредено цена по час.
Следење на конкуренцијата
Определувањето на цените спореед конкуренцијата може да биде опасно, бидејќи трошоците кои ги пресметува конкуренцијата може да не бидат исти како и вашите. Може да им плаќаат на набавувачите по пониска цена, да користат друга технологија и да имаат помали или поголеми буџети за рекламирање. Цената на конкурентите ќе ви претставува мерило за тоа дали вашата цена е реална или не. Ако забележите дека според вашите пресметки цената е пониска од конкуренцијата проверете да не сте испуштиле некој трошок.
Натпревар за пониска цена
Одредувањето на цените за да се победи конкуренцијата е малку несигурен начин. Вие сте обврзани да привлекувате потрошували на овој начин, но тоа не ви ветува дека тие ќе ви останат лојални. Ако ниските цени ги привлечат, тогаш тие можат да ве напуштат кога ќе дојде ист производ или услуга на пазарот со пониска цена. Подобар начин да се разликувате е да понудите подобра услуга, додатоци со производот или подобар квалитет.
Чекате предолго за покачување на цените
Зголемената побарувачка или зголеумувањето на набавните трошоци може да ве доведат во позиција дали да ги покачите цените или не. Некои претприемачи одбиваат да го направат тоа затоа што потрошувачите можат да реагираат негативно. Во многу случаи подобра стратегија е постепено покачување на цените. Со други зборови 10% покачување може да доведе до негативни реакции, отколку 5% покачување.
Намалување на цените без промена на испораката
Некои клиенти можат да бараат намалување на цената. Ова може да ве доведе до тешка ситуација, најмногу оние кои водат бизнис базиран на услуги. Давање на попуст или намалување на цените за тој клиент може да даде претстава дека вашите цени се превисоки.Подобар начин е да ги семните начините за услижување на потрошувачот. На пример можете да се сложите за намалување на цената доколку неделните состаноци ги намалите на еднаш . Друга опција е за големи нарачки да дадете попуст.
Поставување на различни цени
Некои потрошувачи може да инсистираат да им објасните како ги определувате цените. Во случај да не знаете како трошоците се поврзани со цената, ќе ви биде тешко да одредите кога е правото време да ги покачите или намалите цените.
1. Одредете кои активности се најважни во вашиот бизнис