Често пати може да се слушне од малите бизниси дека големите им прават пречки и не можат да успеат токму заради тие големи бизниси. Често пати добри бизнис идеи на претприемачите не супеваат заради тоа што тие бизнис идеи се слични со некои големи бизниси. Иако бизнис идеата е добра, и има голем потенцијал и можеби се разликува токму во клучниот фактор за успех од големиот веќе постоечки бизнис, таа не заживува. Но, тоа е само покривање на слабостите на претприемачот. Многу е полесно да се бараат грешките кај друг отколку кај себе. Тоа е недостаок на храброст тие претприемачи да се борат со големите.
Но која е разликата помеѓу малите и големите бизниси? Да тргнеме со некои од карактеристиките на големите:
-Имаат огромна финансиска моќ
-Имаат голем потенцијал на човечки ресурси
-Имаат големи потрошувачи
-Вложуваат многу пари во маркетинг
-Имаат пониски цени, заради попусти на обемот на нарачки што ги добиваат
-Имаат големи залихи
-Грешките можат да се толерираат
-Не даваат дополнителни услуги
-Тешко се менуваат или им требе повеќе време
-Не можат да имаат лични односи со потрошувачите
…
Некои од карактеристиките на малите бизниси се:
-Немаат финансиска моќ
-Слаби се со човечки ресурси
-Немаат големи потрошувачи
-Немаат доволно финансии за маркетинг
-Добиваат повисоки набавни цени заради мал обем на нарачки
-Не држат големи залихи
-Грешките можат да бидат кобни
-Даваат дополнителни услуги на потрошувачите
-Имаат голем потенцијал за брзо прилагодување
-Одржуваат лични и блиски односи со потрошувачите
…
Од овие неколку карактеристики на мали и големи бизниси може да се забележи дека тие се дијаметрално спротивставени. Но, каде е клучот на успехот на малите бизниси? Предноста може да се побара и да се искористи во следниве карактеристики:
-Бидејќи немаат големи финансии за маркетинг, малите бизниси се инвентивни и користат различни ниско буџетни маркетинг тактики кои може да бидат поинтересни и поблиски за потенцијалните потрошувачи.
-Бидејќи не држат големи залихи, не плаќаат за складишта, како ни за трошоци за одржување на залихи. Со тоа компензираат дел од повисоките цени за набавка во однос на големите бизниси.
-Бидејќи грешките може да бидат кобни како за претприемачот така и за бизнисот воопшто претприемачите на малите бизниси се доста претпазливи. Тие имаат посебна карактеристика да превземаат вкалкулиран ризик.
-Заради повисоките цени воведуваат различни дополнителни услуги (без потребна бирократија на големите)кои можат да бидат од големо значење за потрошувачите што претставува предност во однос на големите бизниси.
-Малите бизниси имаат особина на брзо прилагодување што кај големите заради бирократијата потешко се изведува што претставува вистинска предност на малите.
-Малите бизниси се поблиски со потрошувачите и на секој потрошувач (голем или мал) можат да му обрнат посебно внимание при услужување што претставува предност во однос на големите бизниси.
-Веројатно сте забележале дека малите кучиња се многу повоинствени од големите. Сте забележале како некое куче од мала раса се нафрлува на некое куче од голема раса, а големото го гледа не знае што се случува (а, можеби и не може да го види од големината). Но, во моментот кога големото зарже малото веднаш се повлекува, што значи дека му е мил животот. Токму такви може да бидат и малите бизниси, напаѓаат постојано, но без ризик да бидат смачкани од големите бизиниси.
About Me
Tuesday, November 23, 2010
Карактеристиките на ефективниот лидер
Секоја организација тежнее кон постигнување на извонредна перформанса. Главната улога кон овој пат ја имаат лидерите во организацијата кои што треба да ја поттикнат извонредноста. За да се постигне ваквата посакувана перформанса пред сe лидерот треба да поседува карактеристики на ефективен водач. Извонредноста започнува со лидери со добар и цврст карактер кои целосно се препуштаат на лидерството, а првиот чекор кон тоа е да се биде личност со карактер кој е достоен на почит.
Не губете време расправајќи се каков треба да биде добриот лидер. Бидете такви - Marcus Aurelius
Постојат различни тврдења и теории за времето кога карактерот се формира. Како и да е може да се каже дека формирањето на карактерот започнува уште од најраната возраст, но она што е важно е дека карактерот не се менува брзо. Индикатор за нечиј карактер е доколку се опсервира неговото однесување, врз основа на што може да се добие слика дали карактерот е силен или слаб, добар или лош. Лице со силен карактер покажува поттик, енергија, детерминираност, самодисциплина, волја и смелост. Цврсто и сигурно се насочува кон она што сака да го постигне, а таквото однесување со сигурност привлекуваат следбеници. Од друга страна пак, лицето со слаб карактер не знае што сака и се карактеризира со дезорганизираност, колеблив е и неконзистентен во своите ставови. Ваквите карактеристики не привлекуваат следбеници.
На една организација потребен ? е водач со цврст и добар карактер, кој ќе ги води следбениците и ќе покаже дека може да му се верува.
Храброст, а не поплаки е она што ни е потребно денес. Лидерство, а не трговија - John F. Kennedy
Ефективниот лидер пред сe треба да изгради доверба кај своите следбеници. Во секоја организација, лидерот е оној кој ја поставува патеката, кој го дава ритамот. Градењето на довербата се постигнува со манифестирање на карактер кој во себе содржи верувања, вредности, вештини и соодветни особини.
Верувања. Може да бидат претпоставки или убедувања што личноста ги има во поглед на луѓето, концептите, работите... Верувања за животот, што е добро, што е лошо, каква е човековата природа.
Вредности. Вредностите се важен сегмент за еден лидер бидејќи имаат влијание на неговото однесување и можноста соодветно да ја оцени важноста на одредени активности.
Вештини - знаењето и вештините кои што ги стекнува личноста во текот на животот. Способноста за учење нови вештини зависи од личност до личност. Одредени вештини се стекнуваат многу лесно, додека за други потребна е целосна посветеност.
Особините ги издвојуваат квалитетите или карактеристиките на личноста. Самиот карактер претставува збир на различни особини. Постојат стотици различни особини, но оние кои што се клучни за еден ефективен лидер, врз основа на поделбата на Tom Peters се следните:
- Чесност – ја претставува искреноста, интегритетот и непристрасноста во сите свои активности. Измамничкото однесување кое се базира на лаги не поттикнува доверба
- Компетентност – лидерот треба да ги базира своите активности врз основа на морални принципи. Ефективниот лидер не смее да донесува одлуки кои што ќе бидат базирани на емоционални желби и чувства
- Современост – лидерот мора да поставува цели и да има визија за иднината. Визијата мора да ја претстави низ целата организација. Ефективните лидери го претставуваат она што го сакаат и начинот на кој што ќе дојдат до тоа. Вообичаено ги избираат своите приоритети од своите основни вредности.
- Инспиративност – покажува увереност во секоја активност која што ја презема. Со постојаноста во својата ментална, физичка и духовна енергија, ги поттикнува и своите следбеници да достигнат нови успеси и постигнувања.
- Правичност – покажува фер однесување кон сите вработени. Покажува емпатија со тоа што е сензитивен на чувства, вредности, интереси, како и доброто на своите следбеници. Предрасудите се најголемиот непријател на правдата.
- Либералност – ефективниот лидер секогаш е во потрага по разноликост.
- Истрајност – истраен е во постигнување на целите, без оглед на навидум несовладливите пречки. Ефективниот лидер кога е под стрес покажува смиреност.
- Имагинативност – умее да направи соодветни промени во своето размислување, своите планови и потребните методи. Покажува креативност со размислување на нови и подобри цели, идеи, можности за решавање на настанатите проблеми. За да бидете ефективен лидер мора да сте имагинативен!

Wednesday, November 10, 2010
Вработување: Дали знаеш како да ги одбереш кандидатите?
Твојот мал бизнис расте, пазарот има потреба од производот или услугата која ја продаваш и вработуваш нови луѓе за да го прошириш својот бизнис. Што воопшто може да тргне наопаку? Одговорот е, многу, ако не ги најмиш вистинските луѓе.
Една од разликите помеѓу бизниси кои цветаат и оние кои живуркаат лежи во добриот персонал. Очигледно, твојот талент како претприемач има голема врска со успехот на твојот бизнис, но има граници на твоите можности. Како водач на фирмата, твоја работа е да најдеш добар персонал, да сфатиш што ги мотивира, и потоа да ги сместиш на работно место на кое и тие и бизнисот ќе бидат успешни.
Наоѓањето добри луѓе одзема многу време и бара трпение и енергија. Треба да одолееш на искушението да ги вработиш првите луѓе што ќе се појават, или пак оние со задоволителни квалификации само затоа што сакаш да престанеш со интервјуирањето и да се вратиш на работа. Исто така треба да вработиш луѓе кои ќе се адаптираат и ќе бидат мотивирани за да го направат твојот бизнис успешен.
Оформи група кандидати
Првиот чекор во процесот откога си определил каков човек ти треба, е да оформиш група кандидати. За да го сториш ова ти требаат конвенционални и неконвенционални пристапи.
Време за проценка
Штом ја оформи групата, време е да отпочнеш со процесот за евалуација. Ова е фазата во која треба внимателно да процениш дали кандидатот ги поседува вештините за работата (а не само добра личност или цена што ти се допаѓа) како и предиспозициите за работа во претприемничка средина. Има многу високостручни кадри кои доаѓаат од големи фирми, но не се сите погодни за работа во мала фирма. Добар начин за да определиш дали некој може да работи во мала фирма е да поставиш неконвенционални прашања. Кандидатите најверојатно ќе имаат помалку готови одговори, што значи дека ќе добиеш вистински информации за време на интервјуто во врска со расудувањето на кандидатите, подготвеност за преземање ризици и способности за донесување одлуки. Квалитети кои се неопходни за во мала фирма.
Кати Елстер препорачува да се користат долунаведените прашања, и слични прашања, за да се определи дали кандидатот е подготвен да работи во претприемничка средина.

- Секогаш размислувај за својот кадар
- Ѕирни насекаде
- Барај на неконвенционални места
- Не штеди
Време за проценка
Штом ја оформи групата, време е да отпочнеш со процесот за евалуација. Ова е фазата во која треба внимателно да процениш дали кандидатот ги поседува вештините за работата (а не само добра личност или цена што ти се допаѓа) како и предиспозициите за работа во претприемничка средина. Има многу високостручни кадри кои доаѓаат од големи фирми, но не се сите погодни за работа во мала фирма. Добар начин за да определиш дали некој може да работи во мала фирма е да поставиш неконвенционални прашања. Кандидатите најверојатно ќе имаат помалку готови одговори, што значи дека ќе добиеш вистински информации за време на интервјуто во врска со расудувањето на кандидатите, подготвеност за преземање ризици и способности за донесување одлуки. Квалитети кои се неопходни за во мала фирма.
Кати Елстер препорачува да се користат долунаведените прашања, и слични прашања, за да се определи дали кандидатот е подготвен да работи во претприемничка средина.
- Какви ризици презеде на твојата претходна работа и кои беа резултатите?
- Какви методи користиш за да донесеш одлука?
- Дали треба вработените да го критикуваат шефот? На каков начин?
Што е CV ?
Независно од зборот кој се користи CV (curriculum vitae), резиме (resume) или биографија е хронолошки опис на сите академски, вонкадемски и работни достигнувања. Составувањето на CV-то е многу важен момент од пополнувањето на документите за аплицирање. Овој документ е основа за аплицирање за работни позиции во Македонија.
Зборовите Curriculum Vitae на латински означуваат животна приказна. Тоа треба значи да биде вашата приказна за се што до тој момент сте работеле, а што е релевантно за работната позиција. Целта на овој документ е да дадете целосна слика за Вашите квалификации, способности, вештини, постигнувања.
Вo принцип вашата биографија е маркетинг документ. Како таков тој треба да биде наменет за специфичен пазар. Првиот чекор е да ја идентификувате целта.
Откако ќе направите идентификација на целта, треба да бидете сигурни дека вашата биографија директно се обраќа на целта. Може треба да поработите на креирање и прилагодување на биографијата која моментално ја поседувате за да и се обратите на „новата публика„.
Ова не значи дека треба од почеток да креирате сосема нов документ. Понекогаш можеби е потребна само ревизија на профилот.
Елементите кои ги разликуваат одличните биографии од просечните и слабите се гласот, тонот и фокусот. Одлична биографија има силен глас. Тонот е самоуверен, но не претерано. И на крајот одличната биографија е фокусирана и го води оној кој ја чита во јасна насока.
Најефективниот начин за да ја визуелизирате вашата биографија е да ја гледате како статија во весник. Во статија во весник фактите се дадени на почетокот. Како што се развива статијата фактите стануваат се помалку и текстот содржи се помалку детали.
Друг начин да размислувате е свртена пирамида. Најновата и моменталната информација би требало да бидe најдетална и да се појави веднаш на почетокот. Колку поназад одите во минатото, толку помалку волумен и детали се даваат.
Покрај основните информации во биографијата како што се име и презиме, контакт телефон, факс, е-маил и адреса треба да наведете и:
· формално и дополнително образование
· работно искуство (релевантно за позицијата)
· познавање на странски јазици и компјутерски способности
· награди и признанија
· дополнителни активости
Вообичаена должина на текстот од биографијата зависи од вашето искуство, но во принцип не треба да биде предолго, бидејќи нема да може да го задржи интересот на оној кој ја чита.
Видови на биографии
Во основа постојат два вида на биографии:
Хронолошка биографија е најефективна како раскажување на приказна во логичка и линеарна форма од завршување на образованието до денес. Овој формат се пишува наративно со фокусирање на голем дел од неговиот простор (можеби ј до 1/3) на она што во моментов работите, а притоа дополнувајќи ја таа информација со се она што имате посетувано од образование до сега. Овој начин е полесен да се следи од страна на читателот, бидејќи се даваат и датумите за се што е напишано. Читателот добива и осет за длабочината и ширината на вашето искуство.
Функционалната биографија може да биде ефективна за оние кои се
специјализирале во неколку области или кои имаат неколку паралелни кариери.
Има голем број на организации со рамни структури кои имат потреба луѓето своите кариери да ги движат хоризонтално низ функциите, наместо ветрикално или нагоре во секоја функција. Професионалците во областа на човечки ресусри и маркетинг го користат функционалниот формат на биографија за да покажат широко познавање во своите области. Функционалната биографија е добар
формат за така наречените генералисти. Исто така може да биде добра формат при промена на кариера.
EU – формат на CV
Европското CV денес е општоприфатен формулар во сите држави на ЕУ кога се аплицира за работни позиции. Многу е едноставно за користење, бидејќи е поделено на логични целини.
Тоа е еден од петте документи кои го составуваат EUROPASS. Europass е сет од документи кои ви помага сите ваши вештини и квалификации да ги поставите на единствен начин во обединета Европа.
Симни македонска верзијаСимни англиска верзија

Thursday, November 4, 2010
Како да користиш заеми
За бизнис во развој, одржување на пристојно ниво на долговите може да биде ефективен начин на водење бизнис. Некои сопственици на мали бизниси се горди на тоа што никогаш немале долг, но тоа не е секогаш реалистичен приод кон работите. Развојот често бара значителен капитал, и за да ги добиеш парите треба да побараш заем од банка, личен кредит, револвинг кредитна линија, трговски кредит, или некој друг вид на дебитно финансирање.
Прашањето за многу сопственици на мал бизнис е: Колкав долг е преголем? Одговорот на ова прашање ќе го пронајдеш во внимателна анализа на твојот готовински тек и специфичните потреби на твојот бизнис и твојата стопанска гранка. Советите подолу ќе ти помогнат да анализираш дали влегувањето во долгови е добра идеја за твојата фирма. Проучи ги своите причини за позајмување
Има бројни сценарија за тоа кога е добро да се задолжиш. Во принцип, долгот може да биде добра идеја ако треба да го подобриш или заштитиш својот готовински тек, или ако треба да финансираш развој и експанзија. Во овие случаи, цената на заемот може да биде помала отколку цената на финансирање на овие потези преку тековен приход. Некои вообичаени причини за барање заем вклучуваат:
Работен капитал- кога сакаш да ја зголемиш работната сила во твојата фирма, или да ги подобриш инвентарот.
Проширување на нови пазари- кога фирми доаѓаат на нови пазари, тие често се среќаваат со подолг циклус на наплата или треба да понудат поповолни услови за новите купувачи: позајмените средства ќе помогнат да се преброди овој период.
Капитални набавки- можеби ќе треба да финансираш нова опрема со цел да го придвижиш твојот бизнис кон нови пазари и да ја прошириш својата производна линија.
Подобрување на твојот готовински тек- ако имаш помалку од 10 години од долгорочен долг, рефинансирањето ќе го подобри твојот готовински тек.
Градење на кредитна историја или однос со заемодавач- ако не си позајмувал порано, земање заем може да ти помогне во развојот на добра историја и може да ти помогне да добиеш финансирање во иднина.
Планирај ефикасно
Пред да земеш заем или какво и да е дебитно финансирање, треба да посветиш време на планирање на своите најголеми/капитални потреби. Најлошото време за земање заем е кога си во криза. Ненадејно губење на трговски кредит, неможност да се покрие платниот список, или друга итна ситуација може да те натера да земеш кредит веднаш, а тоа може да резултира во многу неповолни услови. Ако направиш план, тоа ќе ти овозможи да ги задоволиш твоите потреби за готовински прилив, и ќе ти овозможи да испланираш што ти треба и кога ти треба. Ова ќе ти овозможи повеќе време да ги проучиш сите извори за финансирање и да преговараш за најдобри услови. Ваков план ќе се состои од целосен преглед на твојата билансна состојба и ќе ти помогне да го анализираш готовинскиот прилив, активата и обврските. Можеби ќе сакаш да подготвиш изјава про- форма, што претставува баланс за следните 1- 3 години.
Проучи го краткорочниот наспроти долгорочниот долг
Исто како што треба да бидеш сигурен дека земаш заем поради вистински причини, така треба да бидеш сигурен дека го земаш вистинскиот заем. На пример, ако земеш краткорочен долг а потребен е долгорочен, тоа може да ти создаде финансиски проблеми, затоа што може да те принуди на непотребни мерки (како што е продажба на дел од бизнис) за да го покриеш.
Во принцип, користи краткорочен долг за краткорочни потреби. Ова ќе ти помогне да избегнеш трошок за повисока камата и ограничени услови за долгорочни заеми. На пример, ако имаш привремена рапидна зголемена продажба- како што е таа кога има зголемени сезонски побарувања- тогаш треба да размислиш за краткорочен заем. Ако развојот продолжи за подолг временски период, погледај ги опциите за подолг период, како што е поголема основа за кредит заради продажба, парични побарувања, или залихи. Периодот на твојот долг нема да има влијание на твојот коефициент на задолженост. Како и да е, ќе има промени во индикаторите на ликвидност како што е твојот тековен коефициент, затоа што тековните обврски вклучуваат само долг кој мора да биде отплатен во текот на една година, а не долгови кои треба да се отплатат подоцна. На тој начин, долгорочните заеми позитивно ќе влијаат на твојот коефициент на ликвидност.
Засновај го новиот долг на тековни потреби
Кога каматните стапки се ниски и парите лесно се добиваат, можеби ќе паднеш во искушение да купиш опрема или да направиш капитални набавки. Ако е тоа случајот со твојот бизнис, засновај ја твојата одлука само на тековните потреби. Можноста за зголемување на цените не е причина за да потрошиш повеќе пари отколку што е потребно. На пример, ако на твојот бизнис му треба дополнителна компјутерска опрема, можеби ќе ти треба заем за да ја купиш. Но, да купиш повеќе компјутери затоа што следната година ќе поскапат, не е доволно добро оправдување. На крајот ќе ти остане опрема што не ти треба и долгови кои мора да ги отплаќаш.
Subscribe to:
Posts (Atom)