Tuesday, May 17, 2011

Совети како да го претворите Вашето деловно патување во деловен успех

Вашето прво деловно патување
  • Она што морате да го имате в предвид на секое бизнис патување е повеќе бизнис отколку патување. Вашата компанија троши премногу за Вашето деловно патување со цел сето тоа да се претвори во профит и покрај тоа што меѓу другото ќе се прошират и Вашите хоризонти.
  • Внимателно проверете ја деловната политика на патување на Вашатa фирма. Треба да знаете кои трошоци се покриени , а кои се очекува од Вас сами да ги покриете или воопшто да не ги правите.
  • Земете в предвид дека трошоците се различни за вработените во иста компанија. Тоа што Ваш колега патувал во бизнис класа не значи дека и Вие ќе можете да ја избегнете економичната класа во авионот.
  • Запознајте го вработениот во фирмата што е одговорен за Вашето деловно патување бидејќи мора да знаете кој ги знае сите детаљи кога нешто ке тргне наопаку.
  • Проверете ги личните и службените платежни картички. Не се доведувајте во ситуација да не можете да ги одведите вашите клучни клиенти на деловна вечера.
  • Однапред консултирајте со финансовиот сектор во компанијата како ќе ги оправдате потрошените средства и дали се потребни писмени потврди за тоа, како би знаеле кои сметки да ги чувате.
  • Во рамките на Вашата пријатна работна атмосфера е да ги поштедите сите не-патувачи во канцеларијата од деталите на патувањето. Нема потреба од создавање љубомора и деструктивни дискусии. Донесете им штосна разгледница кога ќе се вратите.
  • Никако не понесувајте огромен куфер иако Вашата патна дестинација подразбира променливо време. Нема ништо позаморно од тркалање плакари низ аеродромите.
  • Прифатете ја општата корпоративна култура во Вашата матична компанија. Размислете, дали сите седат еден до друг во авионот, дали заедно појадувате или секој си нарачува во собата? Која е пристојната дистанца која сакате да ја одржите? Дали е природно да се појавите на работа во 8 часот наутро иако сте допатувале во 3.00?
  • Секако,деловното патување е пријатно и добредојдено. Само погрижете се, ништо да не ве изненади, како би можеле да се фокусирате на основната цел- деловен успех.

Thursday, May 12, 2011

Бидете организирани

Претприемачите имаат потенцијал да бидат неорганизирани. Тие имаат ограничени извори и многу информации кои треба да ги следат. Заради оваа причина, средувањето на канцеларијата, организацијата и одржување може да им избегаат од контрола. Мал пропуст е дозволен и разбирлив, но за доброто за бизнисот, периодична организиција на работата е важна. Советите дадени подолу ќе ви помогнат да ја направите вашата канцеларија поорганизирана. Зачувајте го овој текст и читајте го на неколку месеци. Ако сте премногу зафатени да ја исполните вие задачата, вработете некој да го направи истото наместо вас. Заштедата на време ќе ви се исплати.

Советите се поделени во следниве категории
1.       Опремување на канцеларија

2.       Средување на документи

3.       Компјутерски документи

 Опремување на канцеларија

Имајте ги сите работи на место ќе заштедите на одржување. Проверете ја опремата преку овие совети и направете ги потребните промени.

Тргнете ги работите кои не ги користите секојдневно од важиот поглед

Ова е бидејќи документите, дополнителната хартија, и големиот куп на пликоа изгледаат несредено и може да предизвикаат деконцентрација. Ако ви дозволува просторот, чувајте ги резервните канцелариски материјали во шкаф или магацин. Ставете ги таму работите кои не ги користите постојано.

Организирајте ги така работите да ви бидат на дофат.
На пример, не би требале да поместите кутии за да стигнете до пликоата.

Организирајте ја канцеларијата да функционира беспрекорно.

Ако падне се кога ќе извадите една книга од полицата или нема доволно место до факсот за едноставно да ги пуштате документите и да ги добивате факсовите, преорганзирајте ја канцеларијата. Овие мали работи ви сметаат во работата и ви одземаат време и предизвикуваат стрес.

Креирајте “сигурна” канта за отпадоци

Ако вашата неорганизираност ви дозволува постојано да фрлате работи за да подоцна сфатите дека ви требаат направете“сигурна” канта за отпадоци. Ништо друго не фрлајте освен хартијата во оваа канта. Не фрлајте отпадоци од овошје, лименки, ништо што не би сакале да го видите кога би претурале по истата. Празнете ја оваа канта на неколку недели, за да имате време ако нешто ви притреба, а сте го фрлиле. Овој систем ќе ви дозволи да се доведете во ред.

Креирајте систем за проток на информации

Размислете со каков вид на информации, материјали и други работи се среќавате. Најверојатно вашата листа ќе ги вклучи основите како дојдените и испратените маилови, телефонски броеви, тековни проекти и материјали кои сакате да ги зачувате но во моментов не можете да им посветите внимание. Кога ќе ја направите вашата листа посетете продавница за канцелариски материјали за да најдете решение за организирање на вашите информации. Производот кој ќе ви одговара и ќе ги задоволи вашите потреби може нема да можете веднаш да го најдете и би требале да комбинирате два производа од продавницата или да купите едне и да го адаптирате по вашите потреби.

Средување на документи
Без разлика колку вашата канцеларија е добро организирана, одржувањето ќе ви бара информациите да ви бидат добро организирани. Подолу се неколку совети за поедноставно средување на хартиите и електронските документи.

Чистете редовно

Сортирајте ги вашите документи еднаш на четири месеци и исфрлете ги работите кои повеќе не ви се потребни. Ако постојано ја одложувате оваа работа, вработете некого за тоа. Иако вие би требале да бидете дел од овој процес, состанок со помошникот ќе ви помогне да ја завршите оваа задача.

Преименувајте ги документите

Ако имате проблем со пронаоѓање на документи, креирајте имиња на документите кои би почнувале со првиот збор кој е побврзан со содржината. Шансите се, ако овој збор ви текне кога ќе ја преименувате папката лесно ќе го запомните кога ќе ги барате документите.

Групирајте ги документите кои се поврзани по содржина
Чувајте ги документите на еден клиент во една фиока или дел од фиоката, материјалите кои ги чувате и договорите во друга. Вашите лични документи чувајте ги посебно од бизнис материјалите.


Имајте доволно постор за дополнување
Организацијата на документите е видлива само доколку имате доволно простот во плакарите. Инвестирајте во високо квалитетни, просторни плакари кои ќе ви обезбедат доволно простор за документите кои ги складирате.

Комјутерски документи

Хард дискот на вашиот компјутер исто така има потреба од периодично чистење .

Ослободете простор со back-up

Старите или веќе искористени документи можат да бидат префрлени на дискета или ЦД. Ова ќе ја зголеми брзината на работа на вашиот компјутер.

Именувајте ги документите со препознатливи имиња
Користете општи, често користени имиња за документите кои можат лесно да бидат иддентификувани , како “плата.96”. Ова може да биде олеснително кога работите со голем број на мали документи во исто време, и ќе ви го намали времето на пребарување.

Нека ви прерасне во навика

Оргазнизацијата е дисциплина која се учи, но организирано чување на хард диск или ЦД со време ќе ви стане навика. Правете постојано bаck-up и продлжете да ги чувате документите по систем.

Компресирајте ги податоците

Ако просторот на вашиот хард диск е секогаш проблем за чувањето на податоците, има програми кои ви помагаат да ги компресирате документите и да ви се згоемеи просторот.

Користете ЦД-а во боја

Снимајте ги документите на ЦД-а кои ќе бидат во различни бои и полесно ќе го најдете тоа што ви треба. На пример: користете сино ЦД за сметководство, зелено за плаќања, црвено за продажба.

Wednesday, May 11, 2011

Ефикасна контрола на времето

Доброто менаџирање на вашето време ќе ве ослободи од дел од стресот и ќе ја избегне исцрпеноста. Добрата организација на времето е потребна 24 часа дневно и 7 дена неделно. Истата не можете да ја научите на факултет, а еднаш штом ќе ја научите, нема да можете да ја заборавите и ќе ја применувате постојано додека сте на работа, но и додека ги организирате фамилијарните активности. Во денешното турбулентно живеење, морате да си оставите простор за подобрување на менаџментот на времето.

1. Одредете кои активности се најважни во вашиот бизнис
Јасно издвојте ги најважните аспекти од вашата работа, односно оние работи кои генерираат најголеми резултати. Поставете си прашања од типот: Што најмногу влијае на моите вработени?; Кои активности ја зголемуваат продажбата?; Што најмногу сакаат моите клиенти?. Не го заборавајте "Парето оптимум" принципот, според кој 20 проценти од работите генерираат 80 проценти од резултатите. Во позадина на овој совет стојат токму оние 20 проценти кои имаат најголем придонес за вашата организација.

2. Правете "TO DO" листи (листи на сите работи кои треба да се извршат)
Откако ги знаете најважните активности за вашата организација, започнете со правење на неделни To-Do листи. Сите ставки во листите означете ги со A,B или C, при што со A ќе бидат обележани најважните, а со C помалку важните работи кои треба да се извршат оваа недела. Секое утро, правете дневни to-do листи, потенцирајќи ги работите кои мора да бидат завршени денес и работите кои би сакале да ги завршите доколку ви остане време.

3. Не работете според чувствата
Карактеристика на лошите менаџери е да го засноваат своето работење на моменталната емотивна состојба (пример: Не можам да им се јавам сега затоа што не сум многу расположен за муабет). Ефективното менаџирање на времето ги приоритизира навиките над чувствата. Деловниот разговор на телефон треба да биде рутина, а не емотивна потешкотија. Најголем број од менаџерите прво ги извршуваат лесните и едноставните ставки во нивните to-do листи (како читање на е-пошта, разгледување на дневни весници, средување на бироата и сл.). Добрите менаџери прво ги извршуваат поважните работи, без разлика на емотивната состојба.

4. Доделувајте задачи на други
Доколку сте еден од оние лидери кои сакаат сами да ги извршуваат сите работи, тогаш најверојатно ќе останете презафатени, исфрустрирани и нервозни. Зголемете ја довербата во луѓето околу вас и полека доделувајте им дополнителни задачи, со цел максимално да го искористите нивното, а со тоа и своето време. Ова ќе ви дозволи да се сконцентрирате на поважните работи во компанијата.

5. Прочитај, меморирај и фрли
Следете го правилото за еднократно читање на документите. Административните работи знаат да потрошат голем дел од вашето работно време, особено доколку не ги извршувате на време. Читајте ги документите само еднаш, меморирајќи го она на што се однесува документот и веднаш наоѓајќи решение него. Доколку тоа е нова фактура, пресметајте кога мислите дека е најдобро време да се плати и веднаш додадете го терминот во вашиот распоред. Доколку се работи за апликација која треба да ја пополните, направете го тоа веднаш или пак доколку сте презафатени во моментот, пополнете ја апликацијата на крајот на денот. Најлоша навика е да го чекате крајниот рок на аплицирање, затоа што голема е веројатноста да бидете презафатени тој ден или пак да заборавите. Подобро е да изгубите две, три или пет минути сега кога сте го добиле документот, отколку да изгубите половина час по неколку дена, трудејќи се да се сетите на местото каде сте ја зачувале.

6. Бидете реални и останете флексибилни
При составувањето на дневните и неделните распореди трудете се да бидете што е можно пореални за количината на работа која планирате да ја изработите. Предвидувањата засновајте ги на примерите од минатото. Доколку до сега во просек сте имале по 6 состаноци дневно, не планирајте да одржите 12 состаноци утре. Секогаш оставете си еден дел од денот во кој немате никакви обврски, затоа што секогаш се појавуваат работи кои мора одма да ги завршите. Доколку не се појават вакви работи, тогаш времето искористете го за задачите обележани со буквата "C".

7. Оставете си време за себе
Посветете си дел од работното време само за себе. Доколку некој ве бара во тој период, слободно оправдајте се дека имате состанок или дека сте зафатени. Вие и навистина сте зафатени, затоа што овој период од денот вие треба ги наполните своите батерии и да размислите од едно повисоко ниво. Секојдневните активности често ви ја замаглуваат најважната цел кон која се стремите. Колку и да сте зафатени, секогаш можете да одвоите 15 минути дневно за себе.

8. Веднаш одговарајте на електронските пораки
И овде важи правилото под реден број 5, но со мали корекции. Овој пат правилото гласи: Прочитај, зачувај и одговори. Креирајте папка во вашата е-пошта која ќе ја именувате "За подоцна" (или некое слично име со иста намена). Овде зачувувајте ги сите пораки на кои треба да одговорите меѓутоа сеуште не знаете што да напишете или пак ви е потребно повеќе време. Најдобра практика е веднаш да одговорите на секоја порака. По секој настан на кои сте присуствувале, испратете им порака на луѓето што сте ги запознале на тој настан. Тоа ќе им покаже дека сте ги ставиле на листата на приоритети и веднаш сте ги контактирале. Некои од овие луѓе во иднина ќе бидат важни стратешки партнери во вашиот бизнис.