1. Колку што е важно да знаете се за производот, исто толку е важно да знаете нешто за купувачот- Да го познавате својот купувач значи да знаете што тој сака. Можеби тоа е вашиот производ, а можеби е и нешто друго: признание, почит, сигурност, услуга, задоволување на суетата, пријателство, помош- тоа што , како на човечки суштества ни е многу важно од трговски центри.
2. Кога ќе ја поврзете својата личност со работата, луѓето ќе почнат да реагираат на личноста, а ќе престанат да реагираат на работата.
3. Кратките пораки даваат долгорочни резултати.
4. Не гледајте колку е часот, туку гледајте како да го искористите времето- Продавачот всушност го продава своето време, производот стои независно од неговото ангажирање, ако не е тука за да им понуда услуга, потрошувачот ќе најде ќе најде друг од кој ќе го купи производот.
5. Ако немате цел, никогаш нема да стигнете до неа!- Поставувањето на цел преставува процес од три чекори и тоа Поставување на цел, Разработување план за остварување на целта и Планирање на времето за остварување на целта. „Целта е сон што има рок“. Ставете ги своите цели на хартија, тоа е единствениот начин да им дадете опипливост, што ќе ве натера да го спроведете на дело.
6. Верувајте во себе, дури и кога никој друг не верува во вас- Ако верувате во себе, не постои нешто што не можете да го направите. Затоа никогаш не се откажувајте.
7. Фантазирајте- Мечтаењето и замислувањето на посакуваниот исход се еден од најдобрите начини за постигнување на личните цели.
8. Најлесниот, најевтиниот и нај занемарливиот начин на рекламирање- Обојте го вашиот велосипед, автомобил, камиот итн.
9. Покажете ми го човекот што мисли дека го собрал сиот ум на овој свет и ќе ви го покажам најлесниот начин да ја завршите работата- Само наведете го да помисли дека идејата е негова.