Биланс на успехБилансот на успех ги покажува финансиските резултати од операциите за одреден период. Гледај на него како на дневник за што се има случено, на пример за период од 12 месеци. Од билансот на успех може да го одредиш нивото на профит или загуба бидејќи количините на продадени добра и услуги и други извори на приходи се споредуваат со сите трошоци и расходи направени за производство и испорака на тие производи и услуги. Главните елементи на билансот на успех се :
· Нето продажби- претставуваат примарен извор на пари од клиентите за продадени добра или извршени услуги. Нето продажбите ја опфаќаат количината која се добива откако ќе се одземат вратените производи и попустите.
· Трошоци на продажба и оперативни трошоци- се сите трошоци настанати во фабриката (вклучувајќи и амортизација) во процесот на претварање на суровите материјали во готови производи.
· Оперативен профит- нето продажби минус оперативни трошоци
· Приходи од камата- - дополнителен извор на приходи од инвестиции
· Расходи од камата- камата која се плаќа на кредиторите
· Процент на оданочување
Биланс на состојбаБилансот на состојба ја прикажува финансиската позиција на бизнисот на одредена дата, нешто како “фотографија”. Тоа е извештај за финансиските ресурси (средства) со кои располага бизнисот за да ги извршува економските активности како и за обврските наспроти тие ресурси. Разликата меѓу средствата и обврските е сопственички капитал.
Средства= Обврски+ Сопственички капитал
Главните елементи на билансот на состојба се :
· Средства- економски ресурси на бизнисот како згради, опрема, земја, моторни возила, побарувања спрема купувачите, патенти и депозити во банка.
· Обврски- економски обврзувања да се платат одредени количини на пари во одреден иден период. Тоа се побарувања на кредиторите спрема компанијата.
· Сопственички капитал- резидуална добивка на сопствениците на бизнисот.
Специфични елементи на билансот на состојба се:
· Тековни средства- тука се вклучуваат готовината и други средства кои по нормалниот тек на бизнисот ќе бидат претворени во готовина во период од една година од датумот на билансот на состојба. Тука спаѓаат привремени инвестиции, побарувања од купувачите, залихи и однапред платени расходи. Тековните средства се работни средства кои што постојано се претвараат во готовина.
· Фиксни средства- сопствености, фабрика, опрема, се средства кои не се наменети за продажба и се користат постојано за производтсво на производот, негово складирање, транспорт. Фиксните средтсва генерално се состојат од земја, згради, машини и канцелариска опрема.
· Амортизација- се дефинира за сметководствени намени како намалување на употребната вредност на фиксните средства поради користење и трошење од употреба и со тек на времето. Фиксните средства може да претрпат намалување на употребната вредност поради застареност предизвикана со појавата на нови изуми и технологии. Трошоците направени за снабдување со сопственост, фабрика и опрема се распределуваат низ нивниот процент век на користење. Земјата не се амортизира.
· Тековни обврски- во основа ги вклучуваат сите долгови кои доспеваат за една година. Плаќањата направени за тековните обврски вообичаено доаѓаат од тековните средства.
· Задолжувања до снабдувачите- се количина на средства кои компанијата ги должи на снабдувачите од кои има купено производи или услуги.
· Задолжувања до банки и други финансиери
· Заостанати задолжувања- може да вклучуваат плати за вработените, камати за позајмени средства од банки и други кредитори, премија за осигурување и сл.
· Даноци
· Долгорочни обврски- се долгови кои доспеваат за повеќе од една година од датумот на финансискиот извештај.
Потребно е да се изготвува билансот на успех и и билансот на состојба на регуларна база за да користи на претприемачот како водич при донесување на важни одлуки за бизнисот. Постојат бројни технолoшки решенија кои може да ти помогнат во изготвување на вакви финансиски извештаи.

ReplyDeleteЗаемот нуди 2% камата
Ако ви треба финансиска помош, не двоумете се да не контактирате. Можете да добиете заем во опсег од 2.000 € до 1.000.000 € на многу поволни услови во целокупната законитост и сигурност. За да дознаете повеќе за финансиските аранжмани, ве молиме контактирајте не преку е-пошта. E-mail: marcuford@gmail.com